Легендарниот шпански напаѓач Фернандо Торес неодамна соопшти дека ја завршува својата кариера.
Торес во својата кариера настапуваше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челси и Милан, а од минатата сезона го носеше дресот на јапонски Саган. Шпанецот во текот на својата кариера играше со големи имиња во светот на фудбалот, а сега откри кој бил неговиот најдобар соиграч.
„Секогаш велам дека најдобриот играч со кого што сум играл е Стивен Џерард. Тоа беше играч кој ја надогради мојата игра. Мислам дека моето ниво влезе во друга димензија кога бев со него на теренот“, изјави Торес и додаде:
„Тоа беа неверојатни три и пол години играње заедно со Стивен и би сакал да се вратам во тие денови барем на една минута“, изјави Торес.