Џонсон во проблеми после расправијата со партнерката: Рејтингот вртоглаво му паѓа, одбива да каже зошто се слушало врескање од неговиот стан

Точка

23/06/2019

19:33

2.089

Големина на фонт

а а а

Фаворитот за местото на британски премиер, Борис Џонсон, денеска е под притисок на јавноста да ѝ објасни за брачната расправија во неговиот дом и доаѓањето на полиција после повикот на соседите кои биле загрижени поради расправијата.

Сосед повикал полиција ноќта помеѓу четвртокот и петокот, откако ја слушнал жестоката расправија во домот на Џонсон и неговата партнерка Кери Сајмондс во јужниот дел на Лондон.

Според анкетата на магазинот „Mail On Sunday“, таа афера влијаела на паѓањето на популарноста на Џонсон кај британските гласачи, но изгледа дека ја задржал поддршката од конзервативците во борбата за местото на лидер на партијата и местото на премиер. Неговиот противник во таа трка е шефот на британската дипломатија, Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на владеачката Конзервативна партија, до крајот на јули ќе го изберат новиот лидер кој ќе ја замени Тереза Меј.


Џонсон вчера одбил да одговори на прашањето за расправијата за време на предизборната кампања во Бирмингем. „Не верувам дека луѓето сакаат да слушнат такви работи“, му рекол на еден новинар и додал дека подобро е да се занимава со политичките прашања и со Брегзит.

Меѓутоа, член од Конзервативната партија, Малк Рифкинд, оценил дека денес не се вели „немам коментар“, кога ти доаѓа дома полиција. „Тоа значи дека можеби нешто се крие“, рекол Рифкинд за BBC.

Алан Дакан, поранешниот државен секретар во МНР, кога Џонсон бил шеф на дипломатија, изјавил дека Џонсон има „недостаток на дисциплина“ за време на целата кариера и додал дека „над него секогаш лебдат многу прашања“.

Магазинот Гардијан пренесува дека полицијата го посетила домот на Борис Џонсон и дека, според наводите на соседите, се слушал гласот на Кери Сајмондс, која велела: „Излегувај од мојот стан“.

„Полицијата отиде на лице место и разговараше со станарите. Полицајците не забележиле никакво прекршување, ниту причина за загриженост, така што немале причина да интервенираат“, навела полицијата.

Соседот кој од својот стан ја слушнал расправијата, за Гардијан рекол дека трипати тропнал на вратата на станот на Борис Џонсон, но никој не му отворил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг