Трагедија на Хаваите: Авион се запалил и изгорел, загинале сите патници и членови на екипажот

Точка

22/06/2019

16:34

2.493

Големина на фонт

а а а

Мал двомоторен авион од типот Кинг Ер се урнал во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху на Хаваите, по што се запалил и целосно изгорел.

Хавајското министерство за сообраќај објавило дека загинале сите девет патници и членови на екипажот. 

Шефот на полицијата од Хонолулу, Мануел Невес, изјавил дека авионот, од кој патниците требало да скокаат со падобрани, бил во целост зафатен од пламен кога екипата пожарникари пристигнала на самото место, пренесува "AP".

Местото на несреќата е далеку од пистата.

Засега не се објавени имињата на жртвите, но се наведува дека членови на семејствата не некои од жртвите останале на аеродромот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг