Свечена колекција на Манго во сончеви тонови

Fashionel.mk

18/06/2019

15:26

2.660

Големина на фонт

а а а

Манго беше првиот комерцијален, „high street" бренд во историјата, што имаше свој дизајн на овогодинешниот црвен килим на престижната Мет гала.

Имено се работи за дизајн на фустан со омбре ефект, во портокалови тонови и карнери, што на настанот го носеше нивната бренд амбасадорка Софија Санчез де Бетак.

Токму овој фустан е дел од нивната нова свечена линија, обоена во сончевите нијанси, која веќе е достапна во онлајн продажба.


Доминираат портокаловите и жолтите нијанси, во комбинација со елегантни фустани со реси. 

Колекцијата е надополнета и со модни додатоци што совршено го надополнуваат впечатокот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг