Генијалниот трик за лупење лук ги распамети луѓето: “Ми го промени животот”

Точка

18/06/2019

09:04

4.718

Големина на фонт

а а а

Постојат неколку различни начини на кои можете да излупите лук, но овој веројатно сè уште не сте го испробале.

Додека многумина го прават тоа така што го гмечат со нож па ги отстрануваат лушпите или го ставаат во затворен сад и тресат додека лушпите не паднат сами, една корисничка на Твитер споделила едноставен, брз и ефикасен начин на кој можете да ги излупите и исчистите чешнињата лук. 

Сè што треба да направите е да земете цела главица лук во една рака, остар нож во другата и со неговиот врв да забивате длабоко во чешнето и буквално да го извлекувате од неговата лушпа.

“Како личност која јаде многу корејска храна, ова е најдобра метода за лупење на лук”, напишала корисничката на Твитер која го споделила трикот на својот профил и воодушевила многумина.

Видеото го споделиле повеќе од 100 илјади луѓе, а го лајкнале повеќе од 300 илјади.

“Генијално, морам да го испробам ова”, коментирала една личност, а друга додала: “Овој трик ми го промени животот”.

“Ова е хипнотизирачки”, “Сега се чувствувам како идиот”, “Уау, ова е револуционерно, едвај чекам да го испробам”, пишувале другите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг