Јана Стојановска ужива во бременоста на плажа

Точка

17/06/2019

11:05

7.848

Големина на фонт

а а а

Актерката Јана Стојановска ексклузивно со читателите на Точка, споделува фотографии од плажа додека ужива второто тримесечје од бременоста, а го открива и полот. Одлично се носи со бременоста, не и смета возењето и на дестинации и до 3-4 часа, напротив ужива кога сама вози. Но, што е она што и го промени бременоста?

Имаш ли проблем при патување, како се носиш со бременоста?

- Една од моите неостварени професии е „шофер“, така што еве до сега немам никаков проблем со бременоста, барем на тоа поле. Многу ми е покомотно кога возам сама отколку кога ме вози некој друг. Често патувам особено сега кога се затопли на пократки дестинации 3-4 часа. Топло не ми пречи, сакам топло време, менувам една зима за две лета.

Пливаш во блажена состојба?

- Пливам, многу сакам да пливам.

Се сончаш, не ти сметаат температуриве?

- Се сончам исто така, гледам да не претерам ама пред се си го слушам телото.

Практикуваш посебен режим на исхрана?

-  Цел живот сум на посебен режим на исхрана. Имав проблем во првото тромесечје кога не смеев да се „лишам“ ниту од една храна и не смеев да се придржувам на ниту на ниту еден режим на исхрана. Во петиот месец имам веќе 8 килограми повеќе и сосем сум безгрижна.

Колку те промени бременоста, во поглед на однесувањето „поразмазана“ си:))?

- Можам да кажам дека не сум воопшто размазана, ниту имав некои други потешкотии. Малку сум нервозна што не можам да си ги правам рестрикциите во однос на исхраната, а и не смеам да вежбам. Малку тешко ми паѓа бидејќи сум прилично енергичен човек. Инаку е се како што било претходно. Не малтретирам никого околу себе, немам food cravings среде ноќ и слични труднички потреби, барем засега во петтиот месец од бременоста.

Се знае полот, имаш можеби имиња што доаѓаат предвид?

- Очекуваме момче. Уште сме во дилеми за името. Кој како дознава дека носам машко, сите изговараат „Леле мал Ненад“, ќе видиме.


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг