Погба даде коментар за неговиот однос со Солскјер и меѓу редови навести...

Дерби

12/06/2019

13:29

2.451

Големина на фонт

а а а

Пол Погба во интервју за англискиот „Тајмс“ зборуваше за неговиот однос со новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Французинот истакна дека двајцата имале одличен однос и меѓу редови навести останување во клубот и следната сезона.

26 годишниот фудбалер блесна веднаш по доаѓањето на Солскјер на клупата на „ѓаволите“, но потоа се вклопи во целокупното сивило на клубот и одигра лоши два месеци.

– Луѓето го викаат „бејби фејс“ но тоје само една среќна личност. Се смее цело време и тоа не прави и нас да се смееме. Тој е многу фин, имав шанса да бидамсо него додека беше тренер на резервите, па го знам долго време и имаме одличен однос. И кога бев во Јувентус останавме во контакт и се гледавме. Тој е многу добар човек и е многу добар со сите играчи во клубот.

– Последните месеци од сезоната не бевме на најдобро ниво и кога не победуваш не уживаш најмногу. Тешко беше, имавме и повредени играчи исто така. Кога ќе дојдеш до финишот на сезоната, секогаш е тешко. Сметам дека тоа имаше голем удел на резултатите. Се уште учиме и растеме како играчи. Ќе се обидеме да се вратиме на врвот и да се вратиме во Лигата на шампионите, да одиме во полуфиналето на тоа натпреварување и да ја освоиме Премиер лигата. Тоа е целта на клубот и токму затоа Оле се врати, - истакна Пол Погба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг