Безвоздушни гуми кои не може да се дупнат доаѓаат за неколку години

Точка

06/06/2019

11:10

4.235

Големина на фонт

а а а

Речиси две децении откако "Michelin" почнал да работи на револуционерната конструкција на "безвоздушни" автомобилски гуми кои е невозможно да се дупнат, се поблиску сме до реализација на оваа идеја.

"Michelin" пред неколку години почнал сериско производство на "безвоздушни" X Tweel гуми, но тие досега се користеле само на косилки за трева и други возила кои се движат со мали брзини, бидејќи при голема брзина овие гуми се гласни поради вибрациите кои ги создаваат. 

Во меѓувреме, "Michelin" се здружил со "General Motors" за да започне тестирањето на UPTIS (Unique Puncture-proof Tire System) гумите кои е невозможно да се дупнат, наменети за патнички автомобили.

Овие гуми ќе се тестираат на флотата електрични возила на Chevrolet Bolt, а резултатите од тестовите ќе им помогнат на инженерите во понатамошниот развој и унапредувањето на технологијата на безвоздушни автомобилски гуми.

Ако се оди според планот, GM планира до 2024-та година да почне да користи UPTIS гуми на своите патнички автомобили.

Безвоздушните автомобилски гуми имаат неколку предности во однос на конвенционалните пневматици, а најважната е дека не можат да се дупнат и да испушат воздух.

Исто така, возачите не мора да се грижат за притисокот во пневматиците, со што ќе се намали бројот на гуми кои поради оштетување не може повеќе да се користат, па потребно е да се рециклираат.

Освен тоа, автомобилите повеќе нема да имаат резервна гума во багажникот, што дополнително ќе влијае на намалувањето на бројот на произведени пневматици и со самото тоа ќе се намали потрошувачката на енергија и загадувањето на околината. Исто така, без резеврна гума, возилата ќе бидат полесни и ќе трошат помалку гориво.

На отпад завршуваат дури 200 милиони гуми годишно, а овој број значително би се намалил со воведување на UPTIS гумите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг