Американската коалиција признала дека по грешка убила 1.300 цивили: Набљудувачите велат дека бројот е поголем!

Точка

31/05/2019

20:07

2.343

Големина на фонт

а а а

Коалицијата предводена од САД соопштила дека во борбата против ИСИС по грешка убила 1.300 цивили во Ирак и Сирија од 2014-та година, додека набљудувачката група со седиште во Велика Британија тврди дека тој број е десет пати поголем.

Бројот на жртви кој го навела коалицијата е нешто повисок од тој пред осум месеци, кога според последното соопштение коалицијата признала дека по грешка убила 1.100 цивили, пренесува "BBC". 

Коалицијата навела дека истражува уште 111 можни случаи на цивилни жртви. Набљудувачка група од Велика Британија, меѓутоа, проценува дека во нападите на американската коалиција биле убиени речиси 13.000 цивили.

Други групи за човекови права и набљудувачки мисии исто така зборуваат за многу повисок број на жртви од тој што го признала коалицијата. Истрагата која активистите ја спровеле минатиот месец покажала дека повеќе од 1.600 цивили биле убиени само во текот на петмесечната кампања во сирискиот град Рака во 2017-та година.

Коалицијата во соопштението наведува дека извела 34.502 воздушни напади откако ја почнала кампањата против ИСИС пред пет години, кога таа екстремистичка организација заземала голем дел од територијата во Ирак и Сирија.

BBC потсетува дека Исламската држава наметнала брутална власт над милиони луѓе и извела или поттикнала бројни смртоносни напади ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг