Оваа серија е погледана и од „Игра на Тронови“

Точка

27/05/2019

14:25

3.783

Големина на фонт

а а а

Новата телевизиска серија „Чернобил“ набрзо после емитувањето станала најгледаната содржина според податоците на IMDB, престигнувајќи ги долгогодишните омилени серии на публиката како што се „Game of Thrones“, „Breaking Bad“ и „The Wire“.

Серијата на продукциската куќа „Sky Original“ во пет делови ја претставува драматизацијата на нуклеарната катастрофа од 1986-та година во Украина и нејзините последици, следејќи ја приказната на оние кои се погодени од експлозијата како и оние кои биле задолжени за операцијата.


Серијата во која главните улоги ги играат Џеред Харис, Стелан Скасгард, Емили Вотсон и Џеси Бакли, добила 5 ѕвездички уште од своето деби на „Sky Atlantic“ и „NOW Tv“ на 7-ми мај. Интересно е дека речиси два милиони луѓе ја гледале првата епизода.

За помалку од три недели „Чернобил“ го достигнал врвот на листата на IMBD секцијата за филм и телевизија.

„Овој неверојатен проект на „Sky Original“ привлекува гледачи ширум Велика Британија и пошироко заради добри причини- сценариото и продукцијата се без пропусти, а приказната е фасцинантна и крајно трагична“ - изјавил директорот на програмата „Sky Original“, Заи Бенет.