Нежно ве бакнува? - Откријте што сè се крие во првиот бакнеж

Кармин

15/05/2019

11:47

2.266

Големина на фонт

а а а

Според начинот на кој некој се бакнува, може да се дознае многу, тврди научникот Џастин Гарциа, кој со години се занимавал со проучување на навиките на бакнување во 168 различни култури ширум светот.

Според неговото истражување објавено во стручниот магазин „American Anthropologist“, веќе од првиот бакнеж можете да откриете дали некој е внимателен или себичен во кревет, а во продолжение откријте што сè може да дознаете од првиот бакнеж:

Дали постои страст

Бакнувањето е најлесен начин да дознаете дали има страст помеѓу вас. Вообичаено е за време на бакнувањето да се зголеми нивото на хормонот допамин, поради што се чувствувате возбудено и среќно, а ако пак не чувствувате ништо освен неговиот јазик во вашата уста, тоа значи дека помеѓу вас нема ни страст, тврди Гарциа.


Колку се грижи за себе

Секој во устата има специфичен вкус и здив кој потекнува од исхраната, генетика, здравствената состојба и хигиенските навики, вели Џастин Гарциа. За тоа дека вашиот партнер не води најдобра грижа за своето здравје и хигиена, освен лошиот здив влијае и густината на плунката која предизвикува дехидрација.


Каков е во кревет

Гарциа тврди дека начинот на кој ве бакнува може да открие и каков ќе биде во кревет. Ако почне со нежни бакнежи и истражува што ви се допаѓа, веројатно подеднакво ќе биде внимателен и под јорган. Од друга страна, партнерот кој при бакнување е агресивен и груб, веројатно е таков и во спалната соба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk