“Crossfit Land” - за сите љубители на одличниот изглед и добрата физичка кондиција

Точка

09/02/2019

11:09

9.806

Големина на фонт

а а а

Кросфитот како еден од поновите начини на вежбање, полека си го наоѓа и својот пат во Македонија. Со цел подобро да се запознаеме со ваквата дисциплина, поразгорававме со Игор Попоски, дипломиран професор по физичка култура и кросфит тренер.

Како поедноставно би објасниле што е тоа кросфит, за читателите кои не се запознаени со овој спорт? 

CrossFit е високо интензивен, константно варијабилен начин на вежбање дизајниран за развој на сила и кондиција. Наменет е за деца, спортисти, рекреативци па дури и за нашите баби и дедовци. Единствена разлика во тренингот за сите овие категории е разликата во оптоварување, а вежбите се за сите исти. Волшебноста во CrossFit е тоа што можеш да ги модифицираш вежбите по потреба на вежбачите.

Како дојде до отворање на “CrossFit Land”?

Уште кога започнав да се занимавам со фитнес желба ми беше да отворам некое студио или сала сѐ со цел да им помогнам на луѓето да дојдат до нивната посакувана форма. После мојата прва средба со CrossFit во Абу Даби каде што работев како фитнес тренер решив дека CrossFit е тоа што сакам да продолжам да го работам. Во Абу Даби го зедов официјалниот сертификат за CrossFit и после моето враќање во Македонија со мојот другар а сега и партнер Бранислав решивме да го презентираме во Македонија каков што навистина е. Така се роди идејата за отворање CrossFit сала која што веќе 4 месеци успешно трае.


Има ли интерес во Македонија за кросфит, каков е одзивот на членовите?

Во Македонија интересот за CrossFit е многу мал поради недоволнaта запознаеност на луѓето со тој начин на вежбање. За разлика од светот каде што CrossFit се вежба од 2007 година, кај нас е застапен од 2011, но дури сега добива поголема популарност и поголема заинтересираност поготово во Скопје, а во другите градови сѐ уште не се знае многу за него.

Кој сѐ може да вежба кросфит, дали има некаква старосна граница?

Како што кажав, CrossFit може да вежбаат сите кои што имаат желба и потреба од CrossFit, да не речам од 7 па сѐ до 77 години. За да се работи со деца помали од 13 години мора да се има посебен сертификат за работа со деца издаден од CrossFit.


Како изгледа еден кросфит тренинг во “Crossfit Land”?

Еден тренинг е создаден од 3 дела, тренинг за сила каде спаѓаат силовите вежби: заден и преден чучањ, мртво подигнување, потисок над глава и олимписките движења Snatch и Clean. Вториот дел се состои од гимнастички вежби како што се: вежби на вратило, вежби на карики, скокови на кутија и др. и третиот и воедно последен дел е составен од микс на сите овие претходно споменати вежби и кардио вежби како: трчање, веслање, возење точак, скокање на јаже и др. со цел подобрување на кардиоваскуларниот систем.

Освен кросфит, дали во “CrossFit Land” се нудат и други тренинг програми?

Моментално кај нас имаме три типови на програми: како што објаснив погоре CrossFit, потоа функционален тренинг кој што е поинтензивен тренинг и не ги вклучува олимиските вежби и тренинг со сопствена килажа (Total body workout) - кружен тренинг каде што сите вежби ги изведувате со сопствена тежина.


Може да нѝ кажете нешто повеќе за вас и вашето искуство?

Се викам Игор Попоски, дипломиран професор по физичка култура. Како персонален фитнес тренер работам веќе 12 години, а како CrossFit тренер веќе 4 години. Имам повеќе интернационални сертификати од областа на фитнесот и кросфитот. Работното искуство го стекнав и се уште го усовршувам во странство и кај нас. Имам поголем број кросфит натпревари и први места како кај нас така и во странство.


Како можат да ве контактираат сите оние кои се заинтересирани да бидат членови на “CrossFit Land”?

За сите заинтересирани кои што сакаат да почнат една од погоре наведените програми можат да не најдат на телфонскиот број: 078-323-532, на нашиот Instagram профил @crossfitland_mk и на нашата Facebook страна @CrossFitLandMK.




Спонзорирани линкови

Маркетинг