Страшно е тоа што носиме облека на човекот што го убивме пред 20 минути: Протекле транскрипти од хорор снимките од мачењето и убиството на Кашоги

Точка

20/11/2018

22:04

4.853

Големина на фонт

а а а

Турските медиуми ги објавиле првите транскрипти од наводните аудио-записи од последните моменти на Џамал Кашоги, пред да биде убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на втори октомври.

"Пушти ми ја раката! Што мислиш дека правиш", се наведува во снимката од разговорот. 

Кашоги наводно се сретнал со четири лица, од кои еден го фатил за рака кога влегол во конзулатот.

Четворката го одвела Кашоги во управната "единица Б" на конзулатот. Повеќе од три лица таму им се приклучиле, вклучувајќи го и Махер Абдулазиз Мутреб, наводно лидер на 15-члената група наречена "единица на смртта".

"Предавнику! Ќе платиш!", се слуша како вели Мутреб, наведува турскиот сајт "Haberturk".

Турските службеници заклучиле дека тоа е гласот на Мутреб, така што го споредиле со примерок од гласот кој го забележала граничната полиција на Турција во текот на неговото влегување во земјата. Истиот глас се слуша во телефонските повици во конзулатот.

Звуците од претепувањето и мачењето биле проследени од тишина која трае час и петнаесет минути. Потоа се слуша нов глас.

"Страшно е да се носи облека на човек што сме го убиле пред 20 минути", се слуша инженерот Мустафа ал-Модаини, кој во тој момент се подготвува да излезе како двојник на Кашоги.

Тој се жали дека чевлите на Кашоги се премали за него, а неговите колеги му дозволуваат да ги носи своите патики, што во голема мера го издало на властите.

Уште не се пронајдени остатоците на телото на Џамал Кашоги, новинарот на "Washington Post" и критичар на властите во Ријад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг