Супер автомобилот Ламборгини произведен и во Арачиново

Точка

22/10/2018

21:39

24.987

Големина на фонт

а а а

Супер автомобилот Ламборгини кој се произведува во Италија и кој е вртоглаво скап автомобил, овој пат се произведе и во Арачиново од страна на Менсур Кадриу.

Поради голема желба и страст кон овој автомобил и потребите за неговиот филм, тој успеал за неколку месеци да купи Рено Лагуна и да го трансформира во Ламборгини, барем приближно да изгледа на Италијанската ѕверка, пренесува Тв21. 

„Имав голема желба. Јас имам и филмска продукција, снимаме филмови. Ваков автомобил ни беше потребен за филм кој ќе го снимаме во јануари. Се сетив на ова и отидов купив Рено Лагуна. Го исеков и почнав да работам полека собирајќи ги деловите. И еве сега изгледа вака“, рече Менсур Кадриу.


Целата трансформација се одвивала во гаража, а после Ламборгинито, Менсур вели дека заедно со мајсторот кој му помагал порачале уште два автомобили кои ќе ги трансформираат во најновите модели на Бугати и Ферари.

Сопственикот Кадриу истакна дека покрај новиот изглед, Ламборгинито ќе добие и посилен мотор. До Менсур пристигнувале понуди за купување на неговото ремек дело, но тој вели дека автомобилот сè уште не е на продажба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг