Интересна тројка, ова се домаќините на Мет Гала за наредната година

Кармин

12/10/2018

12:15

575

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага, Хери Стајлс и Серена Вилијамс во мај наредната година ќе бидат домаќини и водители на Мет Гала, еден од најважните модни настани кој се одржува во Њујорк.

Темата на Мет Гала ќе гласи: "Camp: Notes on Fashion", а инспирирана е од есејот на Сузан Зонтаг од 1964 година. 


"Темата за следната Мет Гала претставува единствена способност за комбинирање на високата уметност и поп културата. Мет изложбата на тој начин ќе даде современа значителна перспектива за Сузан Зонтаг", рекол Алесандро Мишел, креативниот директор на модната куќа Гучи.


Гала вечерта се одржува во предворјето на музејот Метрополитан во Њујорк. Влезницата за Мет Гала чини 30.000 долари, а одлуката за тоа кој сè може да се појави на овој настан ја донесува Ана Винтур, организаторката на оваа свеченост, која воедно е уредничката на магазинот "Vogue".



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk