Беше фатална дама во 60 - те години, а еве како изгледа денес после 50 години кариера

Точка

02/10/2018

21:36

5.911

Големина на фонт

а а а

Кариерата ја започна како 16 годишна девојка, чиј заштитен знак беа нејзините големи очи, кратка коса и долги трепки, а еве како изгледа манекенката Твиги денес.

Името Лесло Лосон можеби не Ви звучи познато, но доколку го споменеме надимакот Твиги ќе знаете дека станува збор за британската манекенка од 60 години која стана синоним за слабост. 

Кариерата ја започна како 16 годишна девојка и нејзиниот заштитен знак беа нејзините големи очи, кратка коса и долги трепки и благодарејќи на андрогениот изглед нејзината кариера брзо се движеше во вистински правец.


Таа стана една од најбараните манекенки на својата генерација, а веќе на 17 роденден беше толку популарна што Шер ѝ организираше роденденска забава.

Твиги го покрена трендот за слаби девојки, бидејќи до тогаш поимот за убавица биле девојките со бујни облини, а оваа денес 69 годишна дама вели дека за нејзиниот изглед не беше виновно прегладнувањето, едноставно таква ѝ била нејзинита генетика.


После манекенската кариера, таа почнала да се занимава со филм и музика и дури освои два Златни глобуси и беше дел од ријалити шоуто "American Top Model".

Твиги и понатаму е активна во светот на модата и се занимава со дизајнирање на облека, има своја Интернет страница и објави книга "Twigy in black and white", која стана бестселер. За прв пат се омажи во 1977 за американскиот глумец Мајкл Вајтли, а ќерката Карли ја добиле во 1978 година.


Во брак биле сè до смртта на Мајкл во 1983 година, а потоа се омажи за продуцентот Лиј Лосон. Покрај модата, таа активно се занимава во хуманитарна работа и тоа особено со здруженијата за жени заболени од рак на дојка.