Иднината на транспортот: Погледнете го неверојатниот концепт на автономен камион на Volvo

Точка

24/09/2018

18:01

5.892

Големина на фонт

а а а

Со електромотор од 250 односно 500 коњски сили, без возач може да помине од 200 до 300 километри, а опремен е со најнапредните транспортни технологии и вештачка интелигенција досега.

Според замислите на шведскиот производител Volvo, електричните и автономни возила се иднината на сообраќајот. Од Шведска ни пристигнува концептот на паметниот камион Vera кој што деновиве беше претставен на саемот за транспортни возила IAA 2018 кој што се одржува во германски Хановер.


Станува збор за транспортер со носечка структура од композитни материјали кој што е придвижуван од електромотор од 183, односно 368 kW кој што овозможува превоз до 15 тони товар со автономија од 200 до 300 километри, без потреба да има возач зад воланот.

Како изгледа концептот на Volvo, погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг