Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе ја посети земјава

Макфакс

12/09/2018

10:45

1.510

Големина на фонт

а а а

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека претстојниот викенд ќе ја посети Македонија за „многу јасно“ да ги истакне американските ставови против руската агресија.

„Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели на многу кусо патување и јасно ќе дадам до знаење дека сме со македонскиот народ“, рече Матис во Пентагон.

Тој вели дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во Македонија исто како во Црна Гора пред влезот во НАТО лани. Црна Гора ја обвини Русија дека се обидува да го спречи влезот на земјата во НАТО и за обид за атентат врз премиерот.

Матис е вториот висок американски претставник кој неделава доаѓа во земјава во пресрет на референдумот кој треба да се одржи на 30 сепетмеври. Во Скопје утре ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел. Тој ќе има средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг