Војо Иванов: Искуството од Савана ќе ми помогне да се справам со Дуња и Даела

Точка

12/09/2018

11:02

6.395

Големина на фонт

а а а

Слоновите кои ги очекуваме да пристигнат во зоолошката градина во Скопје Дуња и Даела се азиски и африкански шумски слон (помалечки) ама поголем проблем е што се поранешни циркуски слонови, па немале баш убав живот.

Затоа и комуникацијата е лимитирана. Тие имаат лошо минато и напаѓале луѓе во минатото, вклучувајќи го и нивниот сопственик...Но, со оглед на искуството на Војо Иванов кој имaл контакт во савана со лавови, леопарди, зебри, слонови и што ли уште не, не треба да се грижиме дека брзо ќе ги скроти. Едно необично искуство ви доловува на Вас читателите, на Чекинг, Точка. 

Каква подготовка е потребна за да се престојува во Јужна Африка? 

В.И.:Пред се психичка подготвеност, затоа што се работи за специфичен дел од светот каде ризикот е секое "Добро Утро":)) Секако, покрај тоа вакцини и таблети за маларија :)


Каде беше сместен? 

В.И:Живеев во шатор среде савана/северно од Преториа/близу Кругер парк, местото се вика Гравелот. 

За колку животни се грижеше во прифатилиштето во кое работеше?

В.И.:Многу, тоа е една цела област на која од прилика живеат околу 150 зебри, 8 слона, 20 жирафи, 20 лава, 2 фамилии леопарди, антилопи и останато, кои секој ден се прихрануваа, ама главно се грижев за сираче бел носорог.




Што подразбира грижата за бебе носорог?

В.И.:Прво неколку недели само го правевме живеалиштето на 35 степени преку ден и рани утра со 18 степени, ама дури потоа почна работата:) Неколку пати на ден да се храни/чисти, а паралелно работевме и на тоа да привлечеме диви носорози од паркот за да може да го прифатат уште од мало...


Сосема подготвен ќе ги дочекаш слоновите кои ќе пристигнат во ЗОО Скопје. Па, ти веќе имаш искуство во грижата за нив. Што им е потребно на слоновите, како комуницираше со нив?

В.И.:Ах,слично ама сосема различно:)) 

Дуња и Даела се Азиски и Африкански шумски слон (помалечки) ама поголем проблем е што се поранешни циркуски слонови, па немале баш убав живот. Затоа и комуникацијата е лимитирана. Тие имаат лошо минато и напаѓале луѓе во минатото, вклучувајќи го и нивниот сопственик...


Нели чувствуваше страв буквално да живееш со овие животни кои не беа оградени?

В.И.:Не го ни приметувам:)) Веројатно таа доза на адреналин е нешто што ме тера да живеам:))

Имаше ли интересни случки за време на престојот таму?

В.И.:Ух, фактот дека немавме ни мрежа за комуникација освен на еден рид на кој специјално се качувавме на неколку дена за да кажеме кај фамилиите дека сме добро:) и тоа дека секојдневна глетка ви е савана до недоглед...прави едни морници по кожа и сега кога се потсетувам на тоа...



Што научи од ова патување? 

В.И.:Уште една потврда колку сме деструктивни како вид, ми даде една поинаква перцепција на нештата поврзани со Африка/мојот детски сон... Ме научи како живеат дивите животни за да знам кои се потребите на овие во зоолошка ама и тоа колку човекот е навлезен во тој простор за кој многумина го мислат за "слободата".



Спонзорирани линкови

Маркетинг