Верстапен: Сингапур ни е најголема шанса

КРУГ.МК

11/09/2018

14:09

1.658

Големина на фонт

а а а

Макс Верстапен смета дека Големата награда на Сингапур е најголема шанса за силен резултат на Ред Бул до крајот на оваа тркачка сезона. Лани Данел Рикардо ги раздели двата Мерцедеси и заврши на 2ро место, додека Верстапен беш “фатен“ во мешаницата од болидите на ФЕрари на стартот од трката.

Холанѓанецот е свесен дека нивниот сегашен РБ14 болид одговара на карактеристиките на патеката Марина Беј и поради тоа имаат шанса за подиум, па дури и за победа.

„Сите се нетрпеливи за Сингапур затоа што знаеме дека имаме вистинска шанса за силен резултат. Трката е добра за нас во минатото и мислам дека имаме шанса да предизвикаме за подиум и оваа сезона.

Навистина уживам да возам таму, има убави кривини иако е нерамно, но тоа ја прави патеката интересна доколку најдете добар сетап на болидот“.

Трката е многу тешка по возачите кои мора да се адаптираат на тркање навечер под рефлектори под многу влажно и топло време.

„Ноќта и влажноста ве тестираат до лимитот и за мене Сингапур е најтешка трка од сезоната. Долго се подготвувам пред да се тркам таму.

Се тркаме навечер и поради рефлекторите е невообичаено и додава дополнителен аспект кој го немаме на друго место.

Атмосферата викендот креира возбуда и претставува совршен начин за почеток на трките надвор од Европа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг