Нов напад на контролор на ЈСП врз патник во градскиот сообраќај

Нетпрес

10/09/2018

14:52

2.172

Големина на фонт

а а а

За неполн месец по третпат жители на Скопје пријавуваат насилно однесување и физички напад од контролори на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Како што извести во понеделнникот Министерството за внатрешни работи, во неделата околу 7,20 часот 56-годишен жител на скопското село Марино пријавил дека бил навредуван и физички нападна од страна на контролор на ЈСП.

Поединости за инциденот кој бил пријавен во Полициската станица Драчево, засега не се соопштуваат. МВР од своја страна соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопјанец на возраст од 60 години кон крајот на јуни беше физички нападнат од контролор ЈСП. Случајот во полиција го пријавил нападнатиот маж. Инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“ во моментот кога скопјанецот се симнувал од автобусот број 65.

Само неколку дена подоцна скопската полиција објави дека во Секторот за внатрешни работи Скопје, 28-годишник пријавил дека на улицата „Љубљанска“ во автобус број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата. Според пријавата контролорот дошол до момчето, му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг