Шекеринска: На 30 септември бидете будни и гласни, ја избирате вашата иднина во европското и светското семејство

Макфакс

10/09/2018

10:40

754

Големина на фонт

а а а

30 септември е шанса да се обединиме околу идеја која е поголема од сите нас поединечно, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на синоќешната граѓанска трибина на Коалицијата ЗА европска Македонија што се одржа во Струга.

„Долг и обврска на нашата генерација е обезбедиме нашите млади да не се занимаваат со проблемите кои ги имаме сега. Наша е одговорноста, на секој од нас, да излеземе на референдумот на 30 септември, бидејќи тоа е историската шанса на која чекавме 27 години. Ова е клучниот историски потег кој го бара учеството на секој граѓанин, клучниот чекор кон европска Македонија со повеќе работни места, повисоки плати и подобра иднина“, изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана посебно им се обрати на младите, повикувајќи ги да бидат будни и гласни за Македонија да стане дел од европското и светското семејство. Шекеринска, меѓудругото зборуваше и за силните економски ефекти по членството на соседните земји во ЕУ и НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг