ВМРО-ДПМНЕ: Димитров или да ги врати парите или да даде оставка

Макфакс

07/09/2018

18:40

2.843

Големина на фонт

а а а

Добро е што владата денес ја призна грешката и се извини затоа што го згрешија знамето на Австрија со знамето на Латвија, но подобро ќе беше да згрешат и стипендијата од 40.000 долари наместо на ќерката на Димитров да ја доделат на некој друг студент кој не може да си дозволи студирање на престижен универзитет во Холандија.

Министерот за надворешни работи или да ги врати парите на граѓаните или да си даде оставка, изјави Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво е во итна процедура, на ден или два пред локални избори, надлежната комисија во Министерството за образование да одлучува да и додели 40 000 долари на ќерката на Димитров. Што е итноста и зошто таа би била привилегирана во однос на било кој друг студент? Додека студенти спијат по дворови на студентски домови, додека учениците немаат книги, иако учебната година е почната, ќерката на Никола Димитров добива стипендија од 40.000 долари за студирање на престижен универзитет во Холандија во непосредна близина на нејзиното семејно живеалиште.40.000 долари на даночните обврзници на Република Македонија ќе завршат за потребите на ќерката на Никола Димитров, човекот кој стави потпис на капитулантскиот договор со Грција“, рече тој. 

Доколку Димитров навистина се залага за европски вредности и практики, истакна Апостолоски, треба да поднесе оставка и да преземе одговорност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг