Поранешниот стратег на Трамп: Америка ќе ја покоси револуција! Ќе избие таква криза што само убијци ќе можат да ја решат

Точка

07/09/2018

17:53

3.430

Големина на фонт

а а а

На Америка и се заканува криза и револуција која ќе "коси како срп трева", предвидува во новиот документарен филм Стив Бенон, поранешен главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

"Ако на некој начин не се дозволи прераспределба на богатството, во оваа земја ќе има револуција", вели Бенон, благодарение на чија стратегија Трамп ја освоил Белата куќа, во низа разговори со Ерл Морисон, режисер на документарниот филм "American Dharma", кој премиерно бил прикажан на фестивалот во Венеција. 

"Ќе имаме уште една финансиска криза, секој што е паметен го гледа тоа", тврди Бенон. "Мислам дека е потребно радикално реструктурирање. Тоа не може да биде борба со перници. За таква промена потребни се убијци", објаснил за каква револуција и криза зборува и додал: "И затоа е Трмап претседател. Беше јасно дека доаѓа некој како тој".

Бенон, поранешен уредник на десничарскиот портал "Breitbart", тврди дека Трамп одел кон катастрофален пораз пред тој да ја преземе кампањата. Признал дека се послужил со "џиу-џицу" маневри во односите со јавноста за да го спаси Трамп од пропаст, откако во јавноста протекла неговата изјава за жените - "само зграбете ги за...".

Кризниот ПР на Бенон, бил, меѓу другото, доведување на жената која Бил Клинтон го обвинила за силување на клучната телевизиска дебата со Хилари Клинтон. Одбил, меѓутоа, да каже дали ги вмешал прстите во објавување на мејловите на Хилари во јавноста преку Викиликс, што на изборната кампања се вратило во насоката што ја посакувал Трамп.

Бенон рекол дека Трамп не го познавал од претходно, но дека веднаш увидел дека има потенцијал. Изборната кампања ја засновал на крајно поедноставени политички слогани како - "изградите ѕид", "Уништете ја Исламската држава", "Губете се од Иран или Ирак". Го советувал Трамп да "удри со чекан" кога ќе влезе во Белата куќа - да издаде низа извршни уредби, вклучувајќи ја и контроверзната "забрана за муслимани".

"Ако ги заслепите медиумите со пет работи од еднаш, три ќе пројдат. Тие не можат да сварат се одеднаш", објаснува тој, но додава дека открил дека Трамп знаел да биде наивен: "Тој навистина мислеше дека "New York Times" ќе му посакува се најдобро кога ќе стане претседател".

За себе вели дека бил само еден од советниците во Белата куќа, "но оној кој гласно лаел". Исто така вели дека не е лут поради тоа што Трамп го отпуштил во август 2017. година.

"Не го сфатив тоа лично. Така се поклопија работите", објаснува Бенон и вели дека мисли така бидејќи верува во "Дарма", хинду концепт на должност и судбина кој владее со вселената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг