Сари на бизарен начин дознал дека повеќе не е тренер на Наполи

Точка

07/09/2018

16:03

2.078

Големина на фонт

а а а

Наполи под водство на Сари играше одличен фудбал и бележеше добри резултати, меѓутоа на крајот клубот не се раздели со него баш на најдобар начин.

Наполи минатата сезона до последните кола се бореше со Јувентус за Скудетото во италијанската Серија А, но Наполитанците на крајот ја загубија трката.

Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис одлучи дека Сари повеќе не е добар тренер за клубот, па тој беше заменет со Карло Анчелоти. Сари кој што денес е тренер на Челси, вели дека за отказот дознал на телевизија.

„Точно е, дознав дека не сум тренер на Наполи на телевизија. Имав некои сомнежи, тоа е фер, но постоеше клаузула во договорот и тоа не беше нешто што јас го побарав. Тоа не се случи во вистинско време. Сега се надевам дека Анчелоти ќе го стори тоа што јас не успеав да го направам минатата сезона, а бев многу блиску“, изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг