По Пјаниќ, ПСЖ сега посакува друг фудбалер на Јувентус

Дерби

21/08/2018

19:02

1.666

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Италија пренесуваат дека од редовите на ПСЖ се заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира.

Договорот на германскиот интернационалец со Јувентус истекува по крајот на оваа сезона, а со доаѓањето на Емре Џан во тимот неговото време на теренот значително ќе се намали.

Според „Тутоспорт“ од ПСЖ го гледаат Кедира како идеална замена за Адриен Рабио кој веројатно ќе си замине од клубот.

Сепак, од Јувентус не планираат да се откажат од услугите на Кедира и наводно се подготвени да му понудат продолжување на соработката на уште една сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг