Запалете лист од оваа билка и спремете се за вистинско чудо

Кармин

10/08/2018

15:45

5.143

Големина на фонт

а а а

Ловоровиот лист е чудотворна билка која е штета да ја користите само како додаток во јадењата. Експертите се согласни дека станува збор за моќна билка која го забавува стареењето, го подобрува расположението, го чисти телото и ги отстранува респираторните проблеми.

Смирува

Ловоровиот лист содржи комбинација од хемикалии кои го релаксираат телото и умот. Со цел да постигнете максимален ефект, запалете неколку листови ловоров лист во просторијата во која престојувате, но одбегнувајте да го правите тоа пред спиењето.

Го олеснува дишењето

Доколку имате проблеми со дишењето, најдобар начин е да ставите свежи или суви листови во врела вода и да ја инхалирате пареата. Ловоровиот лист докажано помага во ублажување на алергијата и астмата.


Помага при дијабетес

Едно неодамешно истражување покажало дека консумирањето на три грама ловоров лист дневно го намалува нивото на глукоза кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2.

Го ублажува воспалението на зглобовите

Маслото од ловор помага во ублажување на воспаленијата - се што треба да направите е да го масирате болното подрачје и да ја појачате количината на ловоров лист која ја додавате во храната.

Лекува уринарни инфекции

Помешајте ловоров лист во прав со млеко и испијте - станува збор за стар рецепт за решавање на овие проблеми, пишува "RemedyDaily".


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk