Миконос ова лето го посетија многубројни светски убавици, а помеѓу нив се најде и Силвија Карузо, Италијанката која се прослави по пат на социјалната мрежа Инстаграм, каде ја следат повеќе од 1,7 милиони луѓе.
Папарацо фотографите налетаа на Силвија додека на плажата се забавуваше со својата пријателка, а во оваа згодна дама се гледаа буквално сите присутни. Можеби не е по сечиј вкус, но едно е сигурно - таа знае како се привлекува внимание.
Атрактивната бринета парадираше во розов едноделен костим за капење, но исечен на одредени делови каде се откриваат бутовите, во танга стил и длабоко деколте.
Инаку оваа 21 годишна манекенка се занимава со моделинг, но себе си се претставува како блогерка и ТВ водителка. Исто така, тврди дека не го запоставила образованието, така што е посветена на студиите за комуникологија во Рим.
Таа ужива во честите патувања и преферира луксузен стил на живот, а себе се опишува како девојка со авантуристички дух која ја обожува природата, фантазирањето, но и модата. Сепак, доколку го отворите нејзиниот Инстаграм профил ќе сфатите која е нејзина преокупација, специјалист во правење провокативи фотографии.