Ако било кога сте блокирале некој на Facebook, веројатно сакате таа личност да остане блокирана, барем додека вие не одлучите поинаку. Поради тоа последниот ваш „баг“ на Facebook може многу да ве изнервира.
Имено, Tech Crunch пишува дека Facebook открил дека имале проблеми со багот кој опфатил околу 800.000 корисници и без нивно знаење одблокирал некои луѓе, кои тие претходно ги блокирале, на таа социјална мрежа.
Багот се појави на Facebook од 29 мај - 5 јуни. За среќа на многумина, багот не отишол до таа крајност за луѓето кои сте ги блокирале, автоматски да станат ваши пријатели на Facebook, туку само имале пристап на вашиот профил и на сè она што јавно сте го објавувале.
Facebook испратил известување до сите корисници за кои сметал дека можеби имале баг, па ако сте приметиле нешто слично, можеби би било добро повторно да ја проверите вашата „црна листа“.