Се ослободила од килограмите, а сега и од минатото: Пејачката го продала вереничкиот прстен вреден 10 милиони долари

Кармин

30/05/2018

10:01

4.536

Големина на фонт

а а а

Пејачката Мараја Кери и нејзиниот некогашен вереник Џејмс Пакер водеа долга битка околу вереничкиот прстен со кој ја крунисаа својата љубов, чија вредност е проценета на десет милиони долари.

Мараја не сакала да му го врати парчето накит на Пакер, а сега таа го продала. 


Парот ја раскинал веридбата и ја откажал венчавката во 2016 година, а оттогаш трае спорот околу вредноста на прстенот, пишува “People”. Прстенот има огромен дијамант од 35 карати, а кога раскинале, Џејмс го побарал накитот назад.

Меѓутоа, Мараја Кери не само што немала намера да го врати туку често го носела и во јавноста. Сега, таа одлучила да се ослободи од него.


“Мараја сака да продолжи понатаму. Тоа вклучува и решавање на емотивните и материјалните работи, вклучувајќи го и прстенот”, изјавил извор за порталот “Page Six”.

Наводно, пејачката го продала дијамантскиот прстен за 2,7 милиони долари. Парите наводно не ѝ биле пресудни, но инсистирала златарот кој го откупил да потпише договор за тајност.


Но бидејќи оваа информација излезе во јавноста, нејзиниот тим од адвокати планира да го тужи јувелирот од Лос Анџелес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk