СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со обидите да профитира од трагедии

Макфакс

27/04/2018

20:23

751

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ, партијата, чии главни одлики на дејствување се поигрувањето со судбините на граѓаните, попречувањето на правдата и злоупотребата на човечките трагедии, нема капацитет да разбере дека времето кога политиката влијаеше врз судството заврши со нивното заминување во опозиција, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„За случајот „Монструм“, како и за другите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Како што целокупната јавност е запознаена, сите материјали што СДСМ ги поседуваше, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правела минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на специјалното јавно обвинителство“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија понатаму додава дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да се обидува да профитира од трагедии и да ги остави надлежните органи целосно да го расветлат овој случај и сите оние што учествувале во него да понесат одговорност во согласност со законите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг