Григор Димитров го победи со 2:0 (6:0, 6:2) Давид Гофан и успеа конечно да избори пласман во полуфинале на Мастерсот во Лондон.
Првиот сет го доби со убедливосо 6-0 во гемови, а во вториот сет прикажа добра игра и му пушти само два гема Белгиецот. Утре, Димитров ќе се сретнесо Пабло Карено-Буста, кој е на местото на Рафаел Надал, кој се повлече поради повреда.
Со оваа победа, Димитров освои уште 200 поени на АТП листата, а со тоа успеа да зголеми шансите за скок дури до четвртото место на крајот од годината.