Моторола го претстави Moto Z2 Force Edition и 360 Camera Moto Mod

Точка

28/07/2017

16:01

1.914

Големина на фонт

а а а

Моторола во Њујорк деновиве го претстави својот најнов паметен телефон - Moto Z2 Force кој што се надоврзува на претходно претставениот Moto Z2 Play.

Новиот Moto Z2 Force Edition има алуминиумско куќиште со Moto ShatterShield и со Quad HD AMOLED екран со големина од 5,5 инчи. Работи на Qualcomm Snapdragon 835 процесор, а за брз пренос на податоци се грижи Gigabit LTE.

Новиот Moto Z2 Force Edition доаѓа со двојна камера со резолуција од 12 мегапиксели - една монохроматска и една во боја. Новата батерија би требало да обезбеди целодневно користење на телефонот, а покрај тоа, телефонот располага и со TurboPower полнење.


Moto Z2 Force Edition е компатибилен со Moto Mods додатоците, како што се Gamepad, JBL 2 SoundBoost и бежичната маска за полнење.

Освен новиот паметен телефон, Моторола ја претстави и 360 Camera Moto Mod - додаток кој што Moto Z2 Force Edition го претвора во камера од 360 степени која ќе може да снима интерактивни 4К видеозаписи и 3Д аудио, но и ќе може да направи фотографии со ултра широк агол од 150 степени.


Новиот паметен телефон Moto Z2 Force Edition, како и 360 Camera Moto Mod ќе бидат достапни кон крајот на летото во Европа, Азија и Африка. Цената на Moto Z2 Force Edition се уште не е позната, но познато е дека 360 Camera Moto Mod ќе биде глобално достапна по цена од 299 долари.