Водителката на Иранската државна телевизија, Азаде Намдари, била забележана за време на годишниот одмор во Швајцарија, без хиџаб и како пие пиво. Покрај тоа што овие работи во Исламот се строго забранети, Азаде во својата татковина проповеда дека секој добар муслиман не смее да ги покажува телото и косата.
Иранската влада ја прогласи за лицемерна, а ниту јавноста не ѝ е блаконаклонета, пишува BBC.
"Седев во паркот со членовите на потесното семејство, покрај кои жената не мора да биде покриена. Само неколку секунди пред непознатото лице да ме фотографира, превезот ми падна од глава, но претходно го носев", тврди водителката.
Како завршило шишето пиво во нејзината рака не објаснила, но со оглед на реакциите од јавноста на нејзините оправдувања, можеби и подобро е така.
"Од каде ѝ е правото да проповеда нешто во кое ниту самата не верува. Каква лажлива и лицемерна жена", се само неколку од коментарите кои ги добила.
"Прави што сакаш, но не прави будали од нас, не се исмевај со сопствениот народ", ѝ порачале.