Шоу пред Кривичниот суд: Адвокатот на Жан Митрев сакаше да го ислуша аплаузот, па да се пожали од судењето

Адвокатскиот тим на Жан Митрев одново го одложи рочиштето за сопственикот на приватната клиника, кој се гони за измама. Со аплауз беше дочекан кога влезе, со аплауз беше испратен од судот. „Првин да заврши аплаузот, ова е вистинската слика за д-р Жан Митрев и не можеме да ја прекинеме, тоа е Жан Митрев“, рече адвокатот Никола Додевски, кој не им даде на новинарите да прашуваат, па им рече: „Треба ли изјава по ова или доволно е?“