Непроценлива колекција од 230 класични автомобили пронајдена во складиште во Холандија

Непроценлива колекција на автомобили која не би било претерано ако се опише како вистинско скриено богатство, оди на аукција следниот месец. Колекцијата која вклучува најмалку 230 класични автомобили припаѓала на холандскиот колекционер Ад Палмен, а истата била собирана во период од 40 години. Палмен работел како продавач на автомобили во Холандија кон средината на 60-те години, пред да започне да создава сопствена колекција, а неговото прво купување била жолта „Lancia B20“.