Сензационален слалом на „Бернабеу“: Валверде претрча 60 метри и испрати неодбранлива „бомба“

Мајорка беше на прагот да замине со предност на полувреме на „Сантијаго Бернабеу“, но такво нешто не дозволи сензационалниот Феде Валверде. Валверде прифати една топката на 20-тина метри во својата половина, со импресивен слалом претрча 60 метри и помина неколку играчи, пред да испрати неодбранлива бомба со својата послаба нога.