Ова е најсјаната комета во последните 25 години

Кометата "C/2020 F3 Neowise" била воочлива пред зората во текот на претходната недела на радост на љубителите на северното небо. Се вели дека тоа е една од ретките комети која станала видлива во текот на овој век, а се смета за "натрапник" на Сончевиот систем. Се нарекува и "Голема комета 2020".