Гостувајќи во една австралиска ТВ емисија, Новак имал задача да ја погоди “мистериозната“ личност. Водителот го избрал токму него. Но, по кратки обиди тој се елиминирал себеси и мислел дека на фотографијата е Роџер Федерер. На крајот водителот му ја покажал картичката на која била негова фотографија, а Ноле ја турнал масата и го напуштил студиото.