Европскиот шампион Реал Мадрид претрпе тешок пораз од Барселона на дербито кое се одигра на „Камп Ноу“. „Кралевите“ загубија со 5-1 и на тој начин уште еднаш покажаа дека се далеку од посакуваната форма и игра со која треба да бидат битка за трофеи. Овој пораз донесе големо разочарување кај сите навивачи, поддржувачи, а меѓу нив е и новинарот на шпански „АС“, Томас Ронсеро. Ронсеро е огромен навивач на Реал, па претешко му падна „петардата“ од вечниот ривал и најдобар доказ за тоа е следново видео со неговите реакции за случувањата во Каталонија.