Катастрофални поплави во Истанбул: Градот под вода, загина момче

Обилните врнежи од дожд предизвикаа големи поплави во Истанбул, при што животот го загуби 14-годишно момче откако го удрила струја во поплавената вода. Во градот со околу 16 милиони жители биле регистрирани повеќе од 1.200 поплави, 15 свлечишта и десетици случаи во кои луѓе останале заробени поради надојдената вода.