Аргентинците го пронајдоа пенал-шишето на Пикфорд и режираа вирална сцена
„Гаучосите“ покажаа шампионски менталитет и со два гола во самата завршница ги шокираа избраниците на Томас Тухел, а по последниот судиски свиреж, дел од аргентинските фудбалери пронајдоа и едно шише кое им привлече големо внимание. Стануваше збор за шишето на Пикфорд на кое беа испишани пеналџиите на Аргентина за потенцијален пенал рулет во полуфиналето, па Лео како човек кој не разбира англиски, побара од Сенеси да му преведе што пишува.








