На овогодишниот полумаратон во Kина, робот беше побрз од победникот човек

На меѓународниот полумаратон E-town во Пекинг оваа година учествуваа 300 хуманоидни роботи, паралелно со луѓето тркачи. Кинеските компании кои се занимаваат со производство на хуманоидни роботи забрзано ги развиваат своите модели со постојано подобрување на атлетските и навигациските перформанси. Како доказ за технолошкиот напредок на кинеските производители е тоа што на полумаратонската трка во Пекинг оваа година роботите биле поуспешни од луѓето.