Побегнале од светот и живеат среде океан: Kако изгледа животот на „крајот на светот“?

Длабоко во Јужниот Тихи Океан, приближно на половина пат помеѓу источниот брег на Австралија и западниот брег на Јужна Америка, се наоѓа низа од оддалечени острови. Всушност, тоа и не се класични острови, туку ниски атоли (корални острови) – прстенести корални формирани острови кои едвај се издигаат над нивото на морето. Еден од нив, атолот Ахе, е дом на она што многумина го нарекуваат „најоддалеченото живеалиште на светот“.