На овој остров доаѓаат само научниците и војската – таму живее едно од најопасните суштества на светот

Островот на змиите (Ilha de Queimada Grande) е оддалечен 32 километри од крајбрежјето на Сао Паоло. Се протега на површина од 430.000 метри квадратни и речиси да нема посетители, доколку не ги земеме предвид научниците кои секоја година добиваат посебно одобрување за проучување на најбројните жители на ова место.