Сестрата на Игор Џамбазов даде емотивен одговор за потомството: „Немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца, меѓутоа...“

Таа живее во САД веќе долги години, има неверојатна кариера во полето на современата технологија и тоа на светско ниво, ќерка е на големите Анче и Александар Џамбазови и сестра на единствениот Игор Џамбазов – таа е Татјана Џамбазова. Во гостување во поткастот кај македонскиот јутјубер Стефан Лазаров, Татјана зборуваше за приватниот живот, а едно од прашањата кое водителот ѝ гo постави е и она кое се однесува на тоа „дали да нема деца било нејзин избор или едноставно животна околност“.