Октопод се „шверцува“ на грбот на ајкула – необична средба ги изненади научниците

Научниците од Нов Зеланд во 2023 година забележале редок и неверојатен момент – октопод кој „јава“ на грбот на мако ајкула. Станува збор за редок маори октопод кој живее во длабоките океански води, но поради непозната причина се нашол на површината на океанот, каде што дошло до овој неочекуван состанок.