Селин Дион со историски настап ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз

Селин Дион пееше од Ајфеловата кула, а ја изведе песната на француската пејачка Едит Пјаф „L’Hymne à l’amour“. Синоќешниот настап беше прв откако таа ја објави дијагнозата на синдром на вкочанета личност во декември 2022 година и ги откажа сите најавени концерти. Таа се појави во бел фустан на Диор до подот, со собрана коса, а очите истакнати со шминка.