Ангелов: Романскиот авион „Спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска глава

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, соопшти дека „Спартан“ ќе биде упатен на непристапен терен кај пожарот под Солунска глава и ќе фрли во еден налет пет тони вода, по што ќе биде одлучено како ќе се постапи понатаму. Како логистика, со него во придружба е и авионот „Херкул“.