Јанкулоска за Груевски: Немам време за читање лектири, на негово место со првиот авион би се вратила во Македонија

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска гостувајќи во поткастот „Претрес со Ландов“ отворено говореше за промените кај нејзе откако помина повеќе години во затвор, но и за нејзините односи со експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, но и за првпат објасни многу детали за „бомбите“ на Заев. Поранешната министерка беше брутално искрена кога во прашање е Груевски. Таа не ги криеше разочарувањата, но не го напаѓаше без факти и аргументи.